Илустрации на збирката раскази „ПОСЛЕДНИТЕ ГОЛТКИ – раскази за суштински нешта, вторпат“ на Елизабета Баковска. (Поговор: Оливера Ќорвезироска. Фотографии, корица и плакати: Сашо Димоски)
1. ДОСИЕ „ЈАСНА ПОЛЈАНА“ Верувај ми, јас сепак, и покрај сè, те љубев сите овие години. Те љубам уште. Те љубам толку многу што да можев, би ти ги дала перово и мисливе и јазиков да бидат и вистински твои, …
2. ЉУБОВНИКОТ Ноктите ѝ се наполнија со земја, околу стапалата ѝ се насобра кал, стврднатите брадавици ја болеа, но таа упорно копаше со голи раце. Копаше и копаше, не знаеше ни самата колку време, …
3. ГРНЕ СО ЗЛАТО Таа година војските се приближија до градот. Еден ден, војничките чизми затропаа и по калдрмата на улиците. Сестра му ги ѕиркаше низ пукнатините меѓу портичето и ѕидот, …
4. ПРАЗНИНА Мајка ѝ и татко ѝ не правеле свадба, ѝ кажа еднаш баба ѝ. Едноставно избегале. Или, подобро кажано, мајка ѝ избегала со него, а татко ѝ ја однел некаде, …
5. НЕГОВАТА ЖЕНА Слончето беше проѕирно, изработено како брусен дијамант, а на светлината на свеќите во неговите аглести форми се прелеваа сите бои на виножитото. Таа полека ја отвори вратата од креденецот, …
6. ПОСЛЕДНИОТ ПОДВИГ НА ГРОФОТ ОД МОНТЕ КРИСТО Го воодушеви неправедно осудениот Едмонд Данте, наклеветен како предавник и фрлен во зандани на денот на својата венчавка. Додека штурците стружеа низ полињата, со носот пикнат во книгата, под дебелите сенки, си замислуваше како токму тој ги минува тие четиринаесет години затворен, …
7. ИЗНЕНАДУВАЊЕ Кога во пресрет ѝ дојде една поголема група патници, бргу се мушна меѓу нив. Не сакаше да се погледнат, не сакаше да разговараат, а впрочем, за што би правеле муабет овде, во аеродромската чекалница, …
8. ЗВУЦИТЕ НА УМИРАЊЕТО И тој продолжи да фотографира. Забораваше да јаде, забораваше да пие, само луташе низ човечката несреќа и фотографираше. Низ градот ечеа звуците на умирањето – од некои длабочини под шутот офкаа затрупаните, …
9. КАКО ЈА ПРОПУШТИВ НАЈДОБРАТА МОЖНОСТ ДА СИ ЈА УБИЈАМ ШЕФИЦАТА Одеднаш, ѕвони телефонот, ми се јавува секретарката нејзина, ми вели, те вика шефицата. Ме збуни сосема, па нели пред десет минути се видовме, ѝ велам, а таа вели сега сака само тебе да те види. И така, влегувам јас, …
10. ДОЖДОВИТЕ ПРЕСТАНАА Станувам да го гушнам, но него веќе го нема. Во ќошот наоѓам само локвичка. Не знам дали е од него или од моите солзи. …
11. НАЈДОЛГИОТ ПАТ Во овој гроб лежат тројца, знам, толкупати ми ја кажувала приказната. Татко ѝ, првиот маж на сестра ѝ со која се нема видено со години, откако замина да живее во Србија и нејзиното средно дете. Но на гробот стои само едно име …
12. МАЈКА МИ И ЈАС ЧИТАМЕ РАЗЛИЧНА ЛИТЕРАТУРА Од нејзината генерација до мојата не минале само дваесетина години, минале неколку сексуални револуции. Мајка ми најверојатно мисли дека сексот не треба да ме интересира сè до бракот, а потоа, миракулозно, …
13. НА ПРЕМИНОТ ОД БЛОК А КОН БЛОК Б Но, јас сепак живеам овде и ме мачи тоа чувство што ми го всадија од првиот ден, дека не припаѓам тука, дека незаслужено сум добила некоја привилегија, па сега треба да се кријам и да се срамам што живеам во овој луксуз: соба за двајца, студена вода, …
14. СОНУВАШЕ НЕШТО СИНОЌА? Секој од нас бара свој начин да му помогне да се разбуди. Татко ми со недели не спие в кревет, мајка ми редовно пали свеќи, јас се обидувам да живеам и надвор од нашиот триаголник. Станавме некако подобри еден кон друг, пољубезни, …
15. ПОСЛЕДНИТЕ ГОЛТКИ ТОПОЛ ЖИВОТ Ја спуштам чинијата на маса и му ги фаќам рацете, неподвижно прекрстени во скутот. Моите раце се сè уште по малку топли од чинијата со супа, неговите се сè уште …
16. ЗА ТОПЛА ВОДА КОН СИНОТО Ги вади очилата за гледање одблиску, залепени со дебел слој селотејп на средината, токму на носот. Зема шрафцигер со соодветна големина и ги одвртува шрафчињата на далечинското. Го отвора капачето, загледува внатре, …
17. МОЈОТ ПОМАЛ БРАТ Доаѓа замената, се потпишуваат, си разменуваат два-три збора. Влегуваме во колата, одиме дома. Го вртам клучот, моторот се пали, тргнувам. Нема да му кажам дека татко ми …
18. РАСКЛАТЕНА МАСА Ја седнувам спроти мене и ја терам да ми рецитира: кој со кого се женел и се мажел, кој колку деца имал и немал, кој каде се отселил, со кого скоро се видела и со кого одамна не се видела. Запишувам во единствениот тефтер што го имам, …
19. ТИ САКАМ „Како си помина денеска на училиште?“ го прашувам. „Убаво, супер, најубаво“, ми вели. Потоа замолчува. „Што имавте за ручек?“му велам. Тој молчи. Гледа низ прозорецот, се кроти. Знам дека е уморен, …
***
***
Плакатот од промоцијата во Битола, 20 април 2019 година во КЦ „Магаза“.
Плакатот од промоцијата во Скопје, 25 февруари 2019 година во МКЦ.
Секое преземање на фотографии од блогот без претходен договор со авторот подлежи на Законот за авторски права.
Any use of photographs from the blog without prior consent of the author is subject to copyright regulations.
© Сашо Димоски/Sašo Dimoski