Како пристоен граѓанин
на власта ѝ го пријавив
мојот јазик
за кој ме влече
еден јадеж:
– Тој се служи со мене.
Зборува одвнатре и однадвор.
Се шегува: жилет! леѓен! вода!
Тој се инаети: Добро дојдовте
Во новиот хаос. – И сè така.
Тој се служи со мене,
а можеби јас сум тој
од метежот на јазикот
створен:
Дури ги затворам очите
во мракот
за јазикот ме влече јадеж:
Не чепкај ја мечката
во…
дури спие.
Април 1995
Славе Ѓорѓо Димоски
Секое преземање на фотографии од блогот без претходен договор со авторот подлежи на Законот за авторски права.
Any use of photographs from the blog without prior consent of the author is subject to copyright regulations.
2017©Сашо Димоски/Sašo Dimoski