12+ЕДНА


12 plus ONE – b/w portraits

​Saso Dimoski

https://sasodimoski.wixsite.com/12-one

Од поговорот на Елизабета Баковска

Историски, портретот е еден од најексплoатираните и најприсутните видови, прво во сликарството, а потоа и во фотографијата. Фотографскиот портрет е неизбежен дел од забележувањето на општата историја на човештвото, архивски запис за двигателите и учесниците во таа историја. Или, како што би рекол Валтер Бенџамин (Walter Benjamin), „портретите директно реферираат на историското присуство на реалните луѓе во одредени историски моменти“. Колективната меморија на човештвото не би била онаква каква што денеска ја препознаваме без портретот на Алберт Ајнштајн од 1951 година, кога на излегување од прославата на својот седумдесет и втор роденден му го покажува јазикот на фотографот Артур Сасе (Arthus Sasse). Или пак без портретот на намуртениот Винстон Черчил од 1941 година, седнат во паралементот на Канада, лут што фотографот Јусуф Карш (Yousuf Karsh) му ја одзел пурата. Ни масовноста на популарната култура не би била онаква каква што денеска ја препознаваме да го немаше строгото и убаво лице на Ернесто Че Гевара, загледано некаде настрана од апаратот на фотографот Алберто Кодра (Alberto Kodra) во 1960 година. И  конечно, колективната меморија за живеењето на македонските простори не би била онаква каква што денеска ја препознаваме без трите века запишани на кроткото лице и рацете што мирно почиваат во скутот на баба Деспина, на познатиот портрет на браќата Манаки од 1905 година.

Оливера Николова

12 plus ONE – b/w portraits (https://sasodimoski.wixsite.com/12-one)

Leave a comment