ТРЕТ КАНОН ЗА СЛОБОДАТА


IMG_6404-12018

Од каде доаѓа слободата?
Од огнените крилја на ангелите.
Од каде доаѓаат ангелите?
Од синото и од ништото.

Што е синото, а што ништото?
Првото е невиното и чистото.
Второто е она што оплодува сè.
Второто е она што уништува сè.

Од каде доаѓа слободата?
Од влезот во внатрешното.
Кој го создал внатрешното?
Не знам. Небото знае сè.

Славе Ѓорѓо Димоски, Извештаи на рисот, 2016.

Секое преземање на фотографии од блогот без претходен договор со авторот подлежи на Законот за авторски права.
Any use of photographs from the blog without prior consent of the author is subject to copyright regulations.

© Сашо Димоски/Sašo Dimoski